еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од вечерва на полноќ започнува изборен молк за претседателските, кампањата за парламентарните избори продолжува

Денеска завршува изборната кампања за првиот круг од Претседателските избори 2024 година, односно од полноќ започнува изборниот молк кој трае до 19 часот на 24. април, информираа од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ).

„За време на молкот, на 23 и на 24. април (до 19 часот), запира медиумското покривање во вестите и во посебните-информативни емисии на учесниците во изборните кампањи и за претседателските и за парламентарните избори.

Според Изборниот законик, за прекршување на изборниот молк се смета емитувањето: какви било информации, фотографии, аудио и аудиовизуелни материјали поврзани со или во кои учествуваат учесници во изборите, какви било облици на медиумско известување кои се отворено или прикриено во функција на нечија изборна кампања и можат да влијаат врз одлуката на избирачите, податоци со кои го откриваат идентитетот на политичките субјекти и/или на поединци вклучени во инциденти или други неправилности на денот на гласањето, како и изјави од кандидати во изборниот процес, од учесниците во изборна кампања, од претставници на политички партии и од носители на функции во органите на власта.

Во овој период е дозволено емитување бесплатно политичко претставување и платено политичко рекламирање на учесниците во изборната кампања за парламентарните избори,“ се вели во соопштението.

Воедно, во деновите на изборниот молк е дозволено емитување на едукативната рекламна кампања на Државната изборна комисија (ДИК) за Изборите 2024.

Агенцијата очекува сите радиодифузери, почнувајќи од ноќеска на полноќ, да ја прилагодат својата програма за изборниот молк.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмладите на 35 и 38-годишна возраст: За 24 часа од Ковид-19 починале 10 лица

Редакција

Реакција на екипата на Медена земја: Филмските работници не треба да им помагаат на протагонистите, но ние го прекршивме кодексот затоа што целосно се соживеавме со нив

Редакција

Разбиена криминална група која крадела автомобили во Македонија и ги пренесувала во Албанија

Редакција