еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонците од Бугарија ја тужат Европската комисија за да ја принуди Бугарија да им ги признае правата

Од Македонскиот клуб за етничка толеранција од Благоевград, Бугарија, информираа дека поднеле тужба против Европската комисија (ЕК) пред Судот на правдата во Луксембург, за да ја принуди Бугарија да го регистрира клубот и со тоа да го заштити европското право на асоцијација и здружување.

Со тужбата се бара од Судот на правдата на Бугарија да и ги прекине сите исплати на финансии што доаѓаат од Кохезивниот фонд во висина од 1.467 милијарди евра, се додека не го регистрира Македонскиот клуб за етничка толеранција, чија регистрација беше одбиена само зошто е македонска организација.

Ова е прв правен процес внатре во Европската Унија (ЕУ), кој се однесува на дискриминацијата врз Македонците во делови од ЕУ. Со оваа тужба, ЕК е приморана да даде одговор до Судот на правдата за кршењето на основните човекови права на Македонците во Бугарија.

Тужбата е поттикната и организирана од НовАсном, Македонското меѓународно движење за човекови права, Светскиот македонски лонгрес – Канада и поединци од цел свет.

Во 2022, овие организации поднесоа претставка против Бугарија во ЕК за непочитувањето на европското право, сметајќи дека Бугарија го крши членот 12 од Фундаменталните права на ЕУ, кој е дел од Договорот на ЕУ. ЕКсе прогласи за ненадлежна за овој случај, сметајќи дека нема надлежност да врши мониторинг на малцинските права во членките на ЕУ како Бугарија.

„Оваа одлука е неприфатлива – затоа, Македонскиот клуб за етничка толеранција цени дека Европската комисија го крши членот 317 од Договорот за Функционирање на ЕУ кој кажува дека Европската комисија мора да врши мониторинг и ревизија на земјите членки за да спречи кршење на фундаменталните права на ЕУ“, велат од Клубот.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ветото останува, Бугарија сака да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон ЕУ

Редакција

Поблаги казни за обвинетите во „Трезор“, се менува кривичното дело за случајот

Редакција

Националниот парк „Шар Планина“ до Владата испрати барање за раскинување на договорите за изградбата на две мали хидроелектрани во прекрасната Лешничка долина

Редакција