еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ветото останува, Бугарија сака да ја одвои Македонија од Албанија на патот кон ЕУ

Бугарија нема да го промени ставот за Северна Македонија до крајот на годината и нема да ја одобри преговарачка рамка за земјата со ЕУ, соопшти прес-службата на преодната влада на Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА, Владата го одобри ставот на Бугарија да учествува на состанокот на Советот за општи работи на 14 декември. Бугарија ќе се придржува до Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година во врска со проширувањето на ЕУ и Процесот за стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Република Албанија, како и до Рамковниот став за европската перспектива на Република Северна Македонија и Албанија усвоен од Министерскиот совет на 9 октомври 2019 година и поддржан со декларацијата на Народното собрание од 10 октомври 2019 година, ја дополнува информацијата бугарската владина прес-служба.

Во исто време, официјална Софија смета дека Тирана е подготвена да ги започне преговорите за членство со ЕУ.

-Сепак, двете земји во моментов се движат во пакет кон ЕУ. За Бугарија, основниот принцип на сопствените заслуги на секој кандидат останува одлучувачки.

Бугарија смета дека Албанија е подготвена да напредува на патот кон ЕУ и е подготвена да го поддржи усвојувањето на Преговарачката рамка за земјата и одржувањето на првата Меѓувладина конференција, стои во соопштението од бугарската владина прес-служба.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Каролина објави фотографии од убави моменти кои ѝ ја одбележаа 2020 година

Редакција

Регистрирани 615 прекршоци за неносење на маски

Редакција

Филипче најави стратешка соработка со српскиот институт „Торлак“ од каде што би можеле да набавиме вакцини за понатаму

Редакција