Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно Законот за градење и Законот за урбанистичко планирање.
„Од издадени над 1.100 градежни лиценци, вкупно се проверени 643.
Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени, поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците,” информираше тој.
На 13 правни лица им е одземена лиценца А за изведувач на градби од прва категорија.
На 34 правни лица им е одземена лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија.
На 2 правни лица им е одземена лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија.
На 6 правни лица им е одземена лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија.
На 3 правни лица им е одземена лиценца А за проектирање на градби од прва категорија.
На 20 правни лица им е одземена лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија.
На 2 правни лица им е одземена лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија.
На 1 правно лице му е одземена лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија.
На 16 правни лица им е одземена лиценца за изработка на урбанистички планови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три од 12 лиценцирани дискотеки не ги исполнуваат условите за работа
Список на ноќни клубови низ Македонија кои поседуваат лиценца
Чија е дискотеката во Кочани во која ни загинаа најмалку 59 лица