еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Од „Пуцко петрол“ тврдат дека никогаш не увезувале мазут

Од компанијата „Пуцко петрол“ преку соопштение категорично отфрлаат било каква вмешаност со набавката на мазут за државната ТЕЦ Неготино, за која Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција отвори истрага, а со која е опфатен и сопственикот на компанијата, Асмир Јахоски.

„Името на нашата компанија непотребно се споменува во целиот случај, претставувајќи го “Пуцко петрол“ како увозник на мазут и добавувач на мазут на ЕСМ, што категорично го демантираме.

Нападот врз “Пуцко петрол“, го сметаме за тенденциозен обид за нарушување на угледот на компанијата и семејството. Категорично отфрламе било каква вмешаност со набавката на мазут и достава на истиот до ЕСМ.

Никогаш не сме увезуале мазут и доставувале до ЕСМ. Низ годините сме докажана нафтена компанија, која соработувала со илјадници приватни и државни институции, реализирајќи ги нивните барања во целост, согласно законот, при што во моментот долгот на јавните установи према „Пуцко петрол“ надминува една милијарда денари.

„Пуцко петрол“ не е дел од никаква постапка за мазут која се води за РКМ.

Ги молиме медиумите да пласираат точни и проверени информации, затоа што со овие дезинформации се нарушува угледот и реномето на компанијата со што се прават и се до сега веќе направени штети од големи размери и се прави искривување на вистината и фактичката состојба“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството го обжали куќниот притвор за Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол“, бара затворски

Имотот на Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол„ кој доби домашен притвор, под лупа на Обвинителството, што пријавил татко му?

Капушевски и Јахоски осомничени за злоупотреби при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино вредна 167 милиони евра: Детали од Обвинителството

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тетекс откупи сопствени акции

Редакција

Бугарското вето за Македонија е и вето на европската политика на Балканот, оцени Димитров на „Отворен Балкан“

Редакција

Кривична за поранешната министерка за култура Костадиновска-Стојчевска

Редакција