еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пожар над Вешала на Шар Планина

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека од утрово е во комуникација со институциите и силите за гасење на пожарот над село Вешала во Општина Тетово, што и утрово е се уште активен на недостапен терен.

Заради засилувањето на топлиот ветер и огнот зафатена е букова шума.

„Утрово, во 06,55 часот екипа од 10 вработени (ренџери) во Националниот парк „Шар планина“ од Тетово отидени се на терен за гасење на пожарот. Од Националниот парк се бара и асистенција од другите надлежни институции што порано да се интервенира, заради тоа што ренџерите со грбни ПП прскалки („напртњачи“) не ќе можеле да го локализираат пожарот. Од терен е побарана итна воздушна поддршка заради неможноста пожарот да се стави под контрола,“ велат од ЦУК.

Од ЦУК е побарана воздушна поддршка од ДЗС и МВР, а преку РЦУК Тетово е побарано од пожарникарите од ТППЕ Тетово да пратат камион со вода за ренџерите да имаат повеќе вода за интервенција.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поскапуваат бензините, поевтинува дизелот

Редакција

Петков свикал вонреден коалициски совет во Софија за Македонија

Редакција

Жена во Кавадарци пријавила дека поранешниот сопруг ѝ извршил обљуба

Редакција