Оливер Миланов од страна на Владата е назначен за в.д. директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.
-Миланов завршил Стоматолошки факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Миланов има работно искуство во делот на безбедност на храна, а доаѓа од позицијата в.д. раководител на Секторот за храна од неживотинско потекло во Агенција за храна и ветеринарство.
Учествувал во комисии и работилници од областа на безбедност на храна, а се стекнал со меѓународни сертификати преку учество на обуки во организација на Европската Унија, велат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сашо Клековски назначен за в.д. директор на Фондот за здравствено осигурување
Александар Пандов именуван за в.д. директор на Управата за извршување на санкции
Гоце Димовски назначен за в.д. директор на ТИРЗ
Фото: Влада