Во раните утрински часови денеска било опожарено возилото на заменик-јавниот обвинител Џелал Бајрами од Куманово.
Самиот тој ја потврди информацијата за 360 степени, а возилото му било опожарено пред објектот каде што живее.
Тој како што вели не знае кој би можел да го направи тоа.
„Не би сакал да коментирам повеќе од ова. Не се сомневам во никого. Да оставиме органите да го истражат случајот“, вели Бајрами.
Од Јавното обвинителство денеска информираа дека се собираат доказни материјали за инцидентот.
Од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово пак информираа дека синоќа во Куманово се опожарени три автомобили, еден деловен објект – фотокопирница и фасада од куќа.
Речиси сите инциденти биле во исто време, околу 3 часот наутро.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Опожарена канцеларија на советник на ДУИ во Куманово