еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Освен недвижнини, за излегување на Јахоски од притвор, Обвинителство бара и кеш и одземање на пасошот

Сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски и син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски, сака да излезе од притвор во затворот Скопје, каде заврши откако беше осомничен за случајот со набавка на мазут за ТЕЦ Неготино, за што понудил недвижен и движен имот, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сопственикот на „Пуцко петрол“, Јахоски нуди гаранција за да излезе од Шутка

Тој во случајот се сомничи за „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

За неговото барање денеска се огласија и од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција од каде доставиле мислење во однос на предлогот за укинување на неговиот притвор и замена со мерка гаранција.

-Во мислењето, јавниот обвинител истакна дека предлогот на осомничениот за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка гаранција во недвижен имот со проценета вредност од 60.672.235 денари, може да биде основан само ако осомничениот, во исто време, на посебна сметка на Судот, дополнително да депонира и износ од 72.000.000 денари.

Во конкретниот предмет, според доказите со кои располага Обвинителството, износот од 72.000.000 денари одговара на вкупниот износ на противправно стекнатата имотна корист за овој осомничен од кој во понатамошна постапка би можело да се наплати евентуалното оштетно побарување од него.

Исто така, јавниот обвинител побара од судот на осомничениот да му бидат определени и мерки на претпазливост и тоа забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, обврска повремено да се јавува на определено службено лице или надлежен државен орган и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државна граница односно забрана за нејзино издавање

Притоа, обвинителот ги имаше предвид и списите во предметот, како и фактот дека Обвинителството во меѓувреме обезбеди поголем дел од материјалните и вербалните докази, со што значително е намален ризикот дека тој би можел да ги сокрие, фалсификува или уништи трагите на кривичното дело или дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци.

Согласно даденото мислење, само со определување на сите погоре наведени мерки Обвинителството ќе смета дека се исполнети условите за укинување на претходно изречената мерка притвор, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е „Пуцко Петрол„ на Асмир Јахоски, кој е осомничен за перење пари при набавка на мазут за ТЕЦ Неготино

Имотот на Асмир Јахоски, сопственикот на „Пуцко петрол„ кој доби домашен притвор, под лупа на Обвинителството, што пријавил татко му?

Јахоски од домашен оди во затворски притвор, Кривичен ја прифати жалбата на Обвинителство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 81 оздравени од Ковид-19

Редакција

Грција ги затвора границите со Македонија и Албанија

Редакција

Струмичко „Единство“ од АД ќе стане ДОО, Берзата го стави на „Листата на набљудување“

Редакција