еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пазарен инспекторат го демантира МВР дека инспектори не постапувале во работењето на „диво“ на менувачници

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) го демантира Министерството за внатрешни работи (МВР) оти шестмина пазарни инспектори минатата година ја злоупотребиле својата службена положба и овластување, бидејќи не изрекле соодветни казни на неколку менувачници во Скопје кои немале лиценци за работа.

Од ДПИ објаснуваат дека во периодот од март до јуни минатата година Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во повеќе наврати од Инспекторатот побарала спроведување координирани акции при што заедничка контрола се извршила во неколку менувачници кои биле одредени од скопската полиција.

„При надзорите е констатирано дека дел од субјектите се регистрирани во согласност со Законот за трговски друштва, а дел од нив биле нерегистрирани за што пазарните инспектори изрекле глоби во согласност со важечкиот Закон за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност и го известиле Државниот девизен инспекторат за понатамошно постапување како надлежен врз работењето на менувачниците“, се неведува во демантот на Државниот пазарен инспекторат.

Од таму наведуваат дека нивните инспектори не ја злоупотребиле својата службена положба и дека постапувале согласно своите законски надлежности. Од ДПИ велат дека во кругот на нивните надлежности не е предвидено одземање на парични средства кои се предмет на работење, ниту, пак, проверка дали субјектот има лиценца од Народната банка.

„Надлежностите за вршење надзор кај резидентити кои вршат менувачко работење има Државниот девизен инспекторат во согласност со Законот за девизна инспекција и Законот за девизно работење, каде е наведено дека девизниот инспекторат има надлежност кај резиденти кои вршат менувачко работење без лиценца од НБРСМ, да врши надзор, да одзема предмети и парични средства, според член 43, 46 и 51 од Законот за девизно работење“, додаваат од ДПИ во писмената реакција.

Пазарниот инспекторат воедно бара надлежните институции, меѓу кои и Обвинителството, да постапат согласно своите ингеренции и да го решат случајот докрај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Инспектори им „прогледувале низ прсти“ на менувачници, кои немале дозвола за работа

Фото: ДПИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Економист“: Оживува идејата на Никола Тесла за бежичен пренос на струја

Редакција

(Галерија) Заев и Бочварски први го испробаа: Пуштени 23 км од експресниот пат Штип-Радовиш

Редакција

Ѓоргиев: Негувањето на сопствениот јазик и култура не може да бидат закана за европските вредности и не е антибугарски чин

Редакција