еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Палевски го убил Жежовски, пукајќи му во слепоочница, кажа обвинетиот Манев

На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски, обвинетиот Велибор Манев кажа дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо го убил Жежовски, пукајќи му во слепоочница.

Посочи и дека Палевски бил организаторот за грабнувањето на Жежовски и дека ги познавал сите обвинети, освен таткото на Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, кој е исто така обвинет.

Се познавал и со убиениот Жежовски. Работел на неговата куќа пред 19 години и тврдеше дека му останал должен за работата, па се скарале, по што интервенирала и полицијата. Уште еднаш се обидел да ги врати парите кои му ги должел Жежвски, но безуспешно, и се откажал.

Потврди и дека ја однел полицијата до местото каде бил закопан Жежовски, а дупката ја ископале тој и другиот обвинет Влатко Кешишев, една година претходно. Планот, како што кажа, бил во неа да се чуваат грабнатите лица и да се пуштат откако ќе се изврши наплатата.

-Планот беше Панче да биде грабнат и да биде врзан со ланец за бетонски тег за ногата, за да не избега. Целта беше да се искористи неговото возило за грабнување на жена на 38-40-годишна возраст и откако ќе се грабне таа, Панче да се извади од земуницата. Да се пушти Панче да си замине со колата, а жената да биде чувана додека не се изврши наплатата, рече Манев.

Последен на групата се приклучил обвинетиот Боре Видевски, а Жежовски го киднапирале на 23. ноември. Во неговата куќа отишол заедно со Палевски и Видевски, а во неговото грабнување учествувале сите обвинети, (освен таткото на Ѓорчевска).

До местото на убиството на Жежовски стигнале со две возила, „цитроен“ и „рено“, кои во досегашното судење беа посочени неколку пати.

Го раскажа и моментот на убиството на Жежовски.

-Откако се наведнав да го одврзувам, Палевски влета наеднаш и испука куршум во слепоочницата на Панче. Јас останав, како да кажам, едноставно без зборови.

Срипав од местото, излегов од шумичката која беше обраснала врз самата земуница, застанав, бев пред колабирање, се тресев. Потоа се созедов од тоа што го видов. Во меѓувреме го видов и Боре како излегува од самото место, а Палевски го видов како го превртува Панче во дупката сосе церадата.

Палчо дојде до мене, јас го прашав: „Зошто ова, не требаше вака“, а тој ми рече: „Вака е почисто, нема што да се секираш“.

Јас му реков дека не сакам вака да продолжам, оти за вакво нешто не сум ни помислил, ни сонил. Тогаш за прв пат ме подбутна со раката и ми рече: „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“, рече Манев.

Дупката останала отворена три дена, по што Палевски наредил истата да биде затрупана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски планирал да киднапира и ќерка на сопственик на фармацевтска компанија, кажа обвинетиот Манев

Палевски ладнокрвно ја убил Вања, пукајќи во неа преку перниче, раскажа обвинетиот Манев

Фото: Палевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претседателот Пендаровски во Собранието: Несериозно е свечено да потпишуваме дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Редакција

За три дена 159 нови случаи на Ковид-19 од 2.777 тестови

Редакција

Нови 132 лица заразени со корона вирусот, во Скопје 57

Редакција