еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Повредени 10 полицајци: Во Белград жестоки судири помеѓу полицијата и противниците на „Европрајд„

Српската премиерката Ана Брнабиќ по одржувањето на прошетката на „Европрајд“ во Белград, на вонредна прес-конференција изрази благодарност до мнозинството граѓани на Србија за покажаната „толеранција, разбирање и на прво место грижата за државата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Без поголеми инциденти, во Белград сепак се маршираше на Европрајд

– Имавме ден кој помина без поголеми инциденти и во мир и горда сум на тоа. Посебна благодарност им должиме на припадниците на МВР и БИА, бидејќи тие се оние кои се погрижија Белград денеска да биде безбеден и сигурен град и да ги сузбијат инцидентите. Немаше голем број инциденти, ниту пак беа вклучени голем број луѓе во нив, посочи Брнабиќ.

Таа наведе дека биле ангажирани 5.200 полицајци, од кои десетмина се повредени во судирите со противниците на одржување на „Европрајд“.

Брнабиќ оцени дека Србија покажала дека е сериозна држава, која ги почитува правата на сите граѓани.

– Направивме се на најдобар можен начин, конечно завршивме со оваа тема, ставивме крај и се свртивме кон поважни работи. Претседателот (Александар) Вучиќ денеска отпатува за Њујорк, каде ќе има низа средби за време на заседанието на ОН. Утре рано наутро ќе заминам за Лондон. Се свртуваме кон други работи, посочи Брнабиќ.

Фото/видео: Твитер/Hannah Grace Carter/Serbian monitor/Firam

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец извршил неверојатни измами: Од транспорт на починато лице до огномет во гостилница

Редакција

Нотарската комора ги демантира изнесените реакции против нотари во писмото од Амбасадата на Австрија

Редакција

Бугарски весник тврди дека сопругата на премиерот е Бугарка, Ковачевски не сака да го коментира нејзиното потекло

Редакција