еМагазин
Image default
Канцеларија ТОП СТОРИИ

Марта Наумовска Грнарова: Понекогаш и спијам во канцеларија

Канцеларијата на Марта Наумовска Грнарова, сопственичката на македонската компанија за производство на радијатори и мебел, „Завар компани„, е школски пример како одлично да го вметнете тоа што го продавате.

Сама ја има дизајниро својата канцеларија, но и мебелот во нејзе, од масите и столчето за одмор до радијаторот „Дропс“, кој краси еден од ѕидовите.

-Така се живее со брендот. Имам одлична можност да ги видам сите недостатоци и предности на нашите производи, но и да се родат идеи за нови, вели таа.

-Знам и да преспијам овде понекогаш, кога имам многу работа или да останам до 4 часот сабајле, што не е ретко. Во тие часови си ги средувам заостаните работи, размислувам за нови идеи, за реализација на постоечки, вели таа.

На бирото не чува семејни фотографии, а најдрагите работи и се моливите и боичките кои ги купува од музеите кои ги посетува низ светот.

-Секаде каде патувам задолжително посетувам музеј на современа уметност и филхармонија, вели таа.

Тоа го направила и при посетата на Њујорк, САД, од каде од музејот МоМА, го купила овој прибор.

На еден од ѕидовите се изложени и бројните лични и признанија на компанијата и награди, како и подарокот од пријателите за наградата за најиновативен дизајн на „Architectural digest design show“, која „Завар компани“ ја освои во САД во 2017 година.

Секако, очекувано, чува и парче метал, основното средство за работа.

Драг и е и свеќникот од Шведска, како и подарокот од Македонско-холандската комора.

-Неможам да кажам дека не се приврзувам за предмети, но не претерано, вели таа.

Производите на „Завар компани„ прекрасно се вметнати низ целиот простор на компанијата. Едни од највпечатливите се секако смарт (паметни) радијаторите, кои на прв поглед ќе помислите дека се огледала и се први такви во светот.

Тие се изложени во Show room (соба за презентација, с.п.), на влезот од компанијата.

Тука се и бројните сертификати кои ги има добиено „Завар компани“.

Производите на компанијата ја красат и собата за состаноци, а на полиците се изложени и бројните награди и признанија од сите страни на светот.

Компанијата „Завар компани„ годинава слави 35 години.

Сите стории од рубриката на еМагазин, „Канцеларија“, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Студено време следните денови, од четврток локални врнежи претежно од снег

Редакција

Македонија ќе нарача 100.000 руски вакцини „Спутник“

Редакција

Инфлацијата во септември падна на 6,6%

Редакција