еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Парада на гордоста на 22. јуни, под слоганот „Спектакуларно неспослушни“

Петтата Парада на гордоста ќе се одржи под слоганот „Спектакуларно неспослушни“, на 22. јуни во паркот „Жена борец“ во Скопје.

Организаторите очекуваат безбедност на највисоко ниво, но се уште немаат официјална комуникација со Министерството за внатрешни работи.

„Се наоѓаме во една деликатна ситуација, бидејќи се уште официјално не се завршени изборите, затоа што имаше прегласување на неколку места, а Државната изборна комисија се уште не излегла со крајните резултати од изборите и поради тоа се уште немаме официјална комуникација за да ги започнеме подготовките околу Парадата на гордоста од безбедносен аспект,“ изјави Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки комитет за човекови права.

Програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка, Кочо Андоновски очекува оваа Парада да биде една од најдобрите и најпосетените.

Според извршниот директор на ЕКВАЛИС, Ангел Димитриевски, ова а само еден ден од целата година кога ЛГБТИ луѓето можат да бидат видливи, свои и автентични.

„Ова е заедница која не по своја желба е притиснета најчесто во свои приватни простори, во домот, во семејството, и да ги чува своите животи во тие приватни простори и дури и таму кога сме во тие приватни простори, ги доживуваме најекстремните форми на насилство.

Кога една заедница се соочува со насилство во приватниот простор каде што е приморена да биде втурнета, тогаш значи дека нашето општество треба радикално да се промени. За ЛГБТИ заедницата концептот на послушност е и политички концепт, затоа што често пати кога оваа заедница ги барала своите права, тоа било обележано како некаков каприц или како претерана желба за вниманите“, додаде Димитриевски.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјите од регионот се очекува конечно да одлучат за отворање на границите следната недела, најави Филипче

Редакција

Откако ги заклучи пратениците, од Кабинетот на Џафери тврдат дека не го прекршил Деловникот

Редакција

Клиничката болница „Жан Митрев” со најсовремен Центар за женско здравје во регионот

Редакција