На денешната средба помеѓу министерот за здравство Арбен Таравари и деканот на медицински факултет Светозар Антовиќ, беше договорено петте најдобри студенти кои завршиле медицина во Скопје, во Штип и во Битола, да добијат веднаш вработување
Таа бројка со текот на годините би се зголемувала.
Исто така било договорено студентите по медицина да добијат читална.
Читалната би се направила на местото на модуларната болница, која беше изградена за време на ковид-кризата, откако истата претходно ќе биде демонтирана.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.