Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, изјави дека полицијата денеска евидентирала над 240 дојави за поставени бомби во училиштата, кои беа утврдени за лажни.
„Сите припадници на македонската полиција, реагираа совесно, брзо и сталожено без да се крева паника. Пристапија во училиштата, разговараа со директорите на училиштата, извршија проверки таму кај што требаше да извршат проверки.
Имаме соодветен протокол и алгоритам по којшто ние постапуваме. Таму каде што параметрите беа позитивни, односно во зелена зона – наставата продолжи, таму каде што имаше одредени параметри во други зони се извршија дополнителни проверки и секаде се работи за лажни дојави,“ истакна Јанев.
Се истражува која е целта и заднината на овие лажни дојави.
„Веќе сме во соработка со нашите партнери од Интерпол и од Европол. Имаме одредени траги еве ако може така да се изразам и имаме комуницирано и со колегите од Хрватска и со колегите од Унгарија. Хрватска пред неколку дена се соочи со истото, а Унгарија, мислам, дека некаде околу 23. јануари се има соочено со истите ситуации.
Полицијата дополнително со сите директори на училиштата разговараат и точно добива ќе добијат во текот на денот јасни инструкции како и што понатаму треба да се прави во иднина, доколку се појави сето тоа,“ посочи Јанев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
По дојавите за бомби, МОН со препорака до наставниците
Лажни се дојавите за бомби во училиштата, велат од МВР