еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Помилување ќе има само за казна, а не и за кривично гонење

Со новиот Закон за помилување, кој беше изгласан во Собранието, претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица.

Помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда.

Во него има и прецизни рокови и докрај се прецизираат ингеренциите на сите засегнати страни кои учествуваат во процесот.

Меѓу другото, се врши и терминолошко усогласување на одделни називи и поими, oдносно, со овој Закон се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села позитивен на Ковид-19

Редакција

Два синдиката парите за 8. Март ги наменија за монитор и дигитална вага за Детската клиника

Редакција

Антони Пешев стана член на Надзорниот одбор на Стопанска банка Битола

Редакција