Хрватските медиуми пренесуваат дека денеска поранешен бранител во Дом за стари и изнемоштени лица во Дарувар во Хрватска убил најмалку пет лица.
Како што пренесуваат медиумите со оружје влегол во домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.
Пет лица се убиени на лице место, а на некои од повредените сè уште им се пружа лекарска помош.
Убиецот набрзо бил уапсен во кафуле во близина на домот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.