Од вчера сите осум осомничени лица, по две недели од упадот во државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ), се достапни на органите на прогон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се сите осум лица за упадот во М-НАВ
Меѓу нив е и поранешниот фудбалер и тренер, Ерсен Сали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И поранешен фудбалер кој е во бегство меѓу напаѓачите во М-НАВ
Како што објави телевизијата Телма тој сам и се предал на полицијата. Според телевизијата тој е лицето кое го нападнало контролорот на летање, Премптим Бериша и го удрил по главата, во пределот на увото.
И тој доби куќен притвор.
Претходно тој бил осуден на една година затвор за тешки дела против општа сигурност, но Апелацискиот суд ја преиначил пресудата и добил условна казна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за петтиот осомничен за упадот во М-НАВ
Кој е петтиот приведен за упадот во М-НАВ