Денеска се очекува променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.
Според прогнозата ваквото време ќе се задржи до петок. За време на викендот, времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.
Фото: Unsplash