еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Постапката која се води Васил Јованов, проширена и за неговите родители

Постапката што Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ја води за 20-годишниот Васил Јованов, кој ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова е проширена и за неговите родители, откри шефотот на ОЈО Скопје, Гаврил Бубевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јованов, кој ја усмрти Кулакова, ќе одговара за најтешкото кривично дело

За емисијата „Топ тема“ на телевизијата Телма, тој рече дека целта е да се испита влијанието и дејствијата на родителите во насока на која му е овозможено на Јованов да има возило, што може да се толкува како општо опасно.

Тој рече дека веќе се дадени наредби за тоа до Секторот за внатрешни работи Скопје, кој треба да испита кој на Јованов му давал пари за бензин за возилото, од кога е возилото, кога го употребувал, кога е купено.

-Сето тоа ќе биде предмет на анализа. Евентуално ако може да се стават тие дејства во насока да му се става општо опасно средство со кое е извршено кривичното дело, тоа би подлегнало на некаква одговорност, рече тој.

Информираше и дека Обвинителството моментално ги прибира сите докази за случајот, како видеоматеријали, а контактирано е и вешто лице, кое има сопствен лиценциран софтвер, кој ќе ја утврди брзината на движење на возилото, како се случила сообраќајката…

Тој рече дека е утврдено дека се работи за црвено светло за возачот, односно зелено светло за жртвата, и дека тоа ја подигнува кривичната одговорност кај возачот и влегува во умислено постапување, со оглед дека се работи за пешачки премин.

-Тука умислата подразбира дека сторителот со своите дејствија е свесен за своите дејствија или за своите недејствија што бил должен да ги преземе, но се согласил со последицата.

Во случајов многу лесно може да се заклучи дека возењето под дејство на алкохол, возењето со брзина која е поголема од дозволената, што е предмет на вештачење, но и со другите факти, умислата веќе е издефинирана.

Значи, стигнуваш на пешачки прмеин, каде што е црвено и тука веќе се согласуваш со последицата што може да настане. И тука нема место за друга правна квалификација во однос на тој дел, рече Бубевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Васил Јованов сакаат да го претстават како да се шекнал од болка, вели Тодор Кулаков, таткото на Фросина

„Нашите планови ги срушија за миг“: Емотивна објава на момчето на Фросина Кулакова

Суспендиран затворскиот полицаец што на Јованов му го пренел мобилниот, во Шутка најдени уште 70 телефони

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Захариева загрижена за Васил Гарванлиев, добил „400 закани по животот“

Редакција

Од денеска во Косово и Албанија со лични карти и меѓусебно признавање на стручните дипломи

Редакција

Детална листа: Владата донесе нови мерки и препораки за превенција на корона вирусот

Редакција