еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

Потребни сме му на Александар за лекување во Турција

Александар има 26 години. Боледува од Lymphoma Hodgkin, sclerosis nodularis т. е. канцер на лимфни жлезди.

-Потребните 35.000 евра за лекување и трансплатација на коскена срж во Турција првиот пат ми ги обезбедивте сите Вие и успешно го завршив своето лекување таму.

Неколку месеци подоцна, при рутинска контрола во Белград, откриена ми е нова формација во мојата глава, која повторно бара дијагностика и целосно нов третман, исто така во Турција, третман за кој јас повеќе немам средства.

Желба за живот ми е преголема и ќе се борам до самиот крај, но повторно без ваша помош јас нема да успеам. Ве молам кој колку може од 100 до 6.000 денари да донира и да ми помогде да издвојувам победа и во оваа втора битка за мојот живот, стои во апелот на ecrowd.mk.

Моменталната проценка за потребните средства за лекувањето на Александар изнесува 600.000 денари.

Целната сума може да се промени согласно дијагностиката, потребната терапија, по одобрување на медицинскиот тим на Фондацијата Икрауд.

Освен преку ecrowd.mk, можете да донирате и на банкарска сметка на Фондацијата Икрауд (молиме да се користи само за суми над 6.000 денари):

Име: Фондација Икрауд

Сметка: 270078016610134

Банка: Халк Банка

Опис: За Александар

Шифра: 562

Донаторскиот фонд на Фондацијата ИКРАУД.

Можете да помогнете со 100 денари и со повик на 14 39 99 за корисниците на Телеком.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пронајден куршум во дворот на Таравари

Редакција

Почнуваат велигденските празнувања: Денес се слави одржувањето на Тајната вечера

Редакција

(Видео) Кои се министрите на ВМРО-ДПМНЕ во новата Влада: Мицкоски ги објави имињата

Редакција