еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Загина планинар при пад во провалија пред изворот на Тресонечка река во близина на месноста „Раскрсницата“

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираше дека денеска околу 12:30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри и дека при падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба.

„Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“. Теренот е непристапен за возила поради што Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.

Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.

Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со придружба на специјалец од „САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ „8-ми Септември” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт,“ се вели во соопштението.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Бато енд дивајн“ го доби тендерот на Царинската управа за набавка на акцизни марки вреден 1,4 милиони евра

Редакција

Скопјанец паднал од мотор, па го прегазил автомобил

Редакција

На излез од земјата ќе се става печат со појаснување дека патните исправи се на Република Северна Македонија

Редакција