еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратениците од владејачкото мнозинство против ограничувањата на патните трошоци

Предлог-законот на пратеничката група на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците денеска не помина во македонското Собрание.

Истиот не ни стигна на дневен ред. За него гласаа 23 пратеници, 1 беше против, а немаше воздржани, иако во Собранието имаше 100 присутни пратеници.

За предлогот гласаа 23 пратеници од Левица и од СДСМ, еден пратеник од ДУИ гласаше против, а пратениците од владејачкото мнозинство – ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и коалицијата Вреди, воопшто не гласаа.

Според предлогот на Левица, патните трошоци треба да се пресметуваат според пазарната цена на 6,5 литри на секои изминати 100 километри.

Останува во сила актуелниот Закон кој предвидува надоместок за користење автомобил во лична сопственост за службени цели во висина од 20% од продажната цена на еден литар гориво, според изминатиот километар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ниеден пратеник од македонското Собрание нема донирано за болните дечиња, велат од Фондацијата ECrowd

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каракачанов: Историски факт е дека Бугарија била сојузник на Хитлер, но тоа не значи дека треба не нарекувате фашисти

Редакција

Каков имот пријавила Наташа Поп Трајкова, новиот обвинител во ОЈО за гонење организиран криминал и корупција

Редакција

Нови правила за влез во затворени простори во Грција: Важноста на потврдата за прележан Ковид-19 се намалува од 6 на 3 месеци, важи и за туристите

Редакција