еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Првпат во државата изведена трансплантација на менискус

Првпат во државата е изведена трансплантација на менискус кај 30 годишен пациент, кај кој претходно е извршена тотална менисцектомија на медијалниот менискус.

„Овој тип оперативен зафат не би бил можен без постоење на програмата за трансплантација и дарувањето органи од починат дарител. Во оваа прилика ја потенцираме важноста на алтруизмот на семејствата на починатите дарители, што на уште еден пациент, благодарејќи на нивното човекољубие, ќе му се подобри квалитетот на живот,“ изјави Милена Богоевска Доксевска, болнички координатор за трансплантација на Клиниката за ортопедија.

Националниот координатор за трансплантација Билјана Кузмановска изрази огромна благодарност и почит за семејството на донорот, како и до целиот медицински тим вклучен во интервенцијата.

„Како национален координатор за трансплантација ќе продолжам уште поинтензивно во подигнување ба свесноста кај граѓаните за органодарителство. Исто така, мој врвен приоритет останува инвестиција во едукацијата и нови развојни методи во трансплантационата медицина,“ Кузмановска.

Операцијата ја изведе доц. д-р Алан Андоновски, а во тимот се вклучени ас. д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Исмаил Велиу, д-р Теодора Божиновска, д-р Мики Ѓорески, медицинските сестри Билјана Тројановиќ, Сања Тодоровска, Костадинка Вуковиќ и болничарка Ирена Галевска. Анестезиолошкиот тим го сочинуваа д-р Мики Филев, сестра Злата Апостолоска и Гордана Захариева.

Фото/МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 412 заболени од Ковид-19, вкупно до сега 95.822

Редакција

Тендер „тежок“ 511.000 евра: Кој ќе ги осигура автобусите и имотот на ЈСП

Редакција

Кој е Миле Зечевиќ, кој влезе во НО на Стопанска банка Битола и го советува Заев

Редакција