еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Прегледани над 50 камери, пребарани подруми, Вардар, манастири во потрагата по Вања Ѓорчевска

Петти ден продолжува потрагата по исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска од Скопје, а од македонската полиција досега прегледале снимки од камери во над 50 места, пребарани се бројни подруми, речното корито на Вардар, проверени се манастири и цркви, ангажирани се над 100 полицајци…, информираше денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Вања Ѓорчевска, тема и во медиумите во регионов: „Девојче исчезна во најпрометниот дел на Скопје„

-Секојдневно се преземаат низа активности. Вклучени се неколку стотини полициски службеници кои исклучиво работат на оваа проблематика. Предводени се од началникот на Секторот за внатрешни работи и од помошниците началници, целото раководство е насочено кон оваа активност.

Преземаме опсежни мерки. Не зборувајќи за детали, опсежни мерки. Искористување на сите можни капацитети за јавната безбедност кои што значат пред се подигнување на камери.

Преку 50 места со камери се преземени и прегледани. Целосно е во функција системот ‘Сејв сити’, каде што исто така се преземаат мерки. Сите податоци од телеком операторите кои може да бидат важни се прегледани, рече тој, потенцирајќи дека за случајот се испрашани и повеќе лица, а прегледани се и електронските уреди на девојчето и семејството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири дена ја нема 14-годишната Вања Ѓорчевска.

-Десетици и десетици лица се преслушани за информации за овој настан. Преземени се електронските уреди од семејство и од девојчето, се вештачат, еден дел се земени податоци.

Имаме одредени податоци од овие уреди кои може да бидат од помош на истрагата и целата постапка.

Се пребаруваше и речно корито на Вардар, сите подрумски простори, не само во околината, туку и пошироко. Се работеше на пребарување, односно добивање податоци информации од црквите и манастири кои се во близина на Скопје. Имаме опсежна активност и тука нема да се застане, рече Спасовски, кој најави дека МВР дневно ќе информира за овој случај и повторно апелираше да не се шират дезинформации, најавувајќи дека со јавен обвинител ќе преземат мерки против сите кои досега рашириле лажни вести, а многумина од нив веќе биле повикани во полициските станици.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) 14-годишната Вања Ѓорчевска не е единственото дете кое го бара МВР, активни се потерници за уште шест малолетници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

81,4% од оздравените од коронавирусот во Македонија се лекувале дома

Редакција

Ковачевски им се извини на Телма и Алфа

Редакција

ДУИ прва му честиташе на Абази, новиот шеф на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција

Редакција