еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Притворениот директор на Геријатрија не пријавил имот

Мухсин Арифи, в.д. директорот на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“, кој заврши во притвор поради поткуп од 20 илјади евра не пријавил каков имот поседува во Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), што му е обврска, велат од таму за еМагазин.

Како што соопшти Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција тој барал поткуп од 100 илјади евра, а на крај беше уапсен со 20 илјади евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Директорот на Геријатрија барал поткуп од 100 илјади евра, на пациентот му предложил да си го продаде станот: Детали од Обвинителството

Тој е исклучен од неговата партија Алијанса за Албанците (крилото на министерот за здравство, Арбен Таравари) и е разрешен од партиската позиција – претседател на огранокот на партијата во скопски Сарај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притворениот директор на Геријатрија исклучен од Алијанса за Албанците

-Ве известуваме дека в.д. директор има обврска да достави изјава за имотна состојба и интереси до Државната комисија за спречување на корупцијата, при избор и престанување на функцијата, согласно член 82 од  Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Лицето Мухсин Арифи – в.д. директор на Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 ноември“, не фигурира како подносител на изјава за имотна состојба и интереси и анкетен лист во електронскиот систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси на Државната комисија, велат од ДКСК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсениот директор на Геријатрија примил поткуп од 20.000 евра за да смести неподвижно лице

Фото: Арифи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сопственикот на „Дурмо турс“ пуштен од притвор со гаранција

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 613 пациенти болни суспектни на Ковид-19

Редакција

Патот до успехот на Пакет.мк: Вашата бизнис идеја треба да биде со план и визија за раст!

Редакција