еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Радиото „Џез ФМ“ почна нова програма и онлајн-стриминг

Најстарото и единствено македонско радио посветено на промоција на џез-музиката, „Џез ФМ“, стартува со нова програма и онлајн-стриминг.

Новата програмска концепција почна со емитување деновиве, на добро познатата фреквенција 100,8 мегахерци, а отсега и онлајн на jazzfm.mk.

Се воведуваат нови емисии во утринските и пладневните чесови, со нови водители.

– Се стремиме кон претставување нови перспективи и следење на развојот на џезот, обезбедувајќи динамична и релевантна програма со која се поттикнува љубопитноста на слушателите. Програмата е збогатена и освежена со нови водители и емисии.

Во утринската програма од 10:30 часот, секој работен ден, преку „Џез панорама”, Јасна нè носи на музичко патување низ светот, запознавајќи нè со различни држави и култури и нивната музика.

Во пладневните часови се емитува „Дневна сесија” со Виктор. Секој работен ден од 15:30 часот, тој нè информира за културните настани во нашата метропола, за значајните датуми и случувања од историјата на џезот и нè запознава со новата генерација музичари преку разговори и интервјуа, промоција на нови домашни изданија и настани, вели уредничката на „Џез ФМ“, Стефана Марковиќ.

Отсега, скопското радио е достапно и за пошироката публика, на ниво на целата држава, како и интернационално, преку воведување онлајн-стриминг на jazzfm.mk.

– Веруваме дека џезот треба да биде достапен за сите. Затоа обезбедуваме лесно достапна платформа за слушателите да го откријат, уживаат и истражуваат светот на џезот, поместувајќи бариери и правејќи го жанрот достапен за љубителите од сите генерации.

Исто така, активно се ангажираме да изградиме широка мрежа од љубители на џезот. Преку поддршка на локалната џез-сцена, соработка со музичарите и поврзување со нашите слушатели, градиме заедница, додава Марковиќ.

Радиото „Џез ФМ“ е посветено на креирање квалитетна музичка програма, едукација на младата публика и претставување на нова музика од локалната и регионалната џез-сцена.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Усвоени заклучоците за Македонија – ЕУ ќе се наврати на прашањето за датум за преговори до октомври

Редакција

Убава вест: 69 оздравени од Ковид-19

Редакција

Шансите ни се мали: Денеска клучен министерски совет на ЕУ за преговорите со Македонија

Редакција