еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонското МНР се огради од ставовите на Ѓоргиев

Работата на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, преставува важен елемент за исполнување на Договорот за пријателство од 2017 година. По последните јавни настапи на претставниците на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, сакаме да потенцираме дека работата на Комисијата претставува нераздвоен дел од имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 година, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Соодветно на најновата иницијатива на двете држави, потврдена во рамки на заедничката седница на двете Влади, за проширување и продлабочување на меѓусебната соработка во сите области, се додава во соопштението од МНР, ја поздравуваме одлуката на двата копретседатели на Комисијата за интензивирање на динамиката на работата на Комисијата, со цел надминување на разликите за најчувствителните прашања.

-Ја разбираме потребата на членовите на Комисијата, особено на нивните копретседатели, јавно да ги изложуваат нивните погледи и ставови, но истите притоа не треба да се толкуваат како државни позиции, ниту, пак, како дел од политичките ставови на двете Влади.

Оттука двете Влади уште еднаш ги повикуваат сите фактори, вклучувајќи ги тука и членовите на Комисијата за историски прашања, за одржување на веќе договорената динамика на активности, која соодветствува со новиот интензитет на засилена комуникација меѓу двете држави, со цел да се искористи новиот моментум за соодветно надминување на разликите меѓу двете земји и откочување на процесот на европски интеграции на Северна Македонија, стои во соопштението од МНР.

Реакцијата на МНР следи по интервјуто на претседателот на македонскиот дел од заедничката Комисија, Драги Ѓоргиев за телевизијата Телма, во кое меѓудругото кажа дека нема ништо против да се замрзне работата на Комисијата на одредено време, ако тоа придонесе да се релаксира политичката атмосфера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР реагира за ставовите на Ѓоргиев: Историската комисија мора да продолжи со работа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезнато лице во Крушевско, во потрагата денеска се вклучува и Армијата

Редакција

ДУИ на „тапет“ на Твитер за идејата за Албанец премиер

Редакција

Десет години затвор за 17 годишното девојче кое уби 16 годишно момче во тетовско Бањиче

Редакција