еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР реагира за ставовите на Ѓоргиев: Историската комисија мора да продолжи со работа

Директорот на прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи, Митко Димитров вчера на посебен брифинг по повод неодамнешните јавни изјави на копретседателот на Заедничката комисија за историски и образовни прашања од страна на Република Северна Македонија, Драги Ѓоргиев, рече дека нејзината активност е суштински елемент на имплементацијата на Договорот од 2017 година и има за цел да ги надмине стереотипите од минатото.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Димитров, заедничкото разбирање на двете земји и постигнувањето конкретни резултати било истакнато од двете влади на 25 јануари. Како независни научници и експерти, членовите на Комисијата имаат право да ги кажат своите ставови, но тоа не ги обврзува владите на двете земји да носат одредени одлуки, изјави портпаролот на бугарското МНР.

Според Димитров, личното мислење на членовите на комисијата не соодветствува со ставот на двете земји.

-Ја поддржуваме подготвеноста на двете страни за интензивирање на контактите на Комисијата. Ги повикуваме членовите на Комисијата да работат плодно. Министрите за надворешни работи како политичари изразуваат подготвеност јавно да ги поддржат напорите на Комисијата, вклучително и со заедничко одбележување значајни личности и настани од двете земји, додаде Димитров.

Тој додаде дека министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска денеска ќе ја посети Република Северна Македонија и ќе положи цвеќе на централната свеченост по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, заедно со македонската министерка за култура.

Бугарската министерка Генчовска ја информирала Каролина Едштадлер, која е сојузна министерка за ЕУ, за работата што ја направила бугарската влада за интензивирање на дијалогот со Северна Македонија. Едштадлер и честиташе на Бугарија за преземените чекори, информира портпаролот на бугарското МНР, Димитров.

Реакцијата на бугарското МНР следи по интервјуто на претседателот на македонскиот дел од заедничката Комисија, Ѓоргиев за телевизијата Телма, во кое меѓудругото кажа дека нема ништо против да се замрзне работата на Комисијата на одредено време, ако тоа придонесе да се релаксира политичката атмосфера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонското МНР се огради од ставовите на Ѓоргиев

МИА/еМагазин/Фото: Фејсбук/бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Џибони фантастичен во Скопје – концерт кој долго ќе се памети

Редакција

Обвинетите Алими и Гури од ДУИ му се заканувале дека ќе му ја расплачат фамилијата на каурот Бубевски од СЈО

Редакција

Ескобар бара од ВМРО-ДПМНЕ да го подржи европскиот пат на Македонија

Редакција