еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Различни жанрови на филмови на програмата во Кинотека во септември

По летните одмори, вратите на Кинотека во септември повторно се отвораат. Во рамките на понудата во програмата се различни жанрови, земји во кои се продуцирани, време во кои се создадени. Оваа инклузивност го подразбира и значителниот број на регионалните копродукции, како дел од месечнава програмска понуда.

Ќе се стартува со турско-македонската копродукција „Најтешкото нешто“, снимена по сценарио на Оливер Ромевски, а во режија на Сердар Акар. На ова се надоврзуваат играни, документарни, музички филмови кои го имаат префиксот, како и почетните – регионални копродукции.

Публиката во кинотеката ќе биде во можност да ги проследи играните филмови Здрави и живи, штркот, како и нешто постаро Караул во режија на филмскиот волк Рајко Грлиќ. На програмата ќе се најде и музичкиот документарец Ефтеркланг-бендот Македониум, кој го отвори годиншеното издание на фестивалот Синедејс. Филмот е данско-македонска копродукција и е првиот филм каде што како продуцент се јавува МКЦ.

Средишната септемвриска понуда е изненадувачка. Станува збор за веќе редовниот и со нетрпение очекуван Фестивал на нем и класичен филм. Всушност, тоа е шестдневна можност да се видат ваквите, веќе подзаборавени, а легендарни кино творби. Ова е вистински подарок за сериозните филмофили. Тоа што понатаму следува е исто така скапоцен подарок. Филмскиoт гигант Скорсезе и почитуваниот наслов – Бандите на Њујорк.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шест години затвор за Гордана Јанкулоска за „Тенк“

Редакција

Народна банка ја зголеми основната каматна стапка на 2,50%

Редакција

Малолетници нападнале 18-годишно момче во автобус на ЈСП и го раниле со нож

Редакција