еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Реплек лани со раст на добивката од 201%

Консолидираната оперативна добивка на Групацијата Реплек лани изнесува 307.565 илјади денари (5 милиони евра) и истата бележи раст од 194% во однос на истиот период во 2022 година, соопштија од таму преку Македонската берза.

Оперативните приходи на компанијата за овој период изнесуваат 1.870.258 илјади денари и се зголемени за 37% во однос на 2022 година, додека оперативните расходи изнесуваат 1.609.464 илјади денари и бележат зголемување од 30% во однос на истиот период претходната година.

Приходите од продажба како дел од вкупните оперативни приходи изнесуваат 1.587.371 илјади денари (25.8 милиони евра) и бележат раст од 27% во однос на истиот период претходната година.

Како што информираат од таму стратешки фокус на компанијата е сегментот фармација.

-Консолидирани приходи од продажба на сегмент фармација изнесуваат 1.546.218 илјади денари (25.1 милиони евра) и бележат раст за 42% во однос на претходната година, велат од таму.

Приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 43%.

Приходите од продажба на домашен пазар на сегмент фармација се зголемени за 37% во однос на истиот период претходната година.

-Приходите од продажба на странски пазари се со учество во вкупните приходи од продажба од 78%, што е во насока на постигнување на стратегиските цели.

Реплек предвидува структуирање на вкупните приходи од продажба, така што три четвртини произлегуваат од извозната активност, додека една четвртина се реализира на домашниот пазар.

Планот за реализиран промет во сегмент фармација за 2023 е целосно исполнет, и благо надминат со 100.5% реализација во однос на поставениот таргет, велат од таму.

Консолидирана добивка пред оданочување изнесува 294.516 илјади денари (4.8 милиони евра) и бележи зголемување за 201% во однос на истиот период претходната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на продажбата од 24% и 3 милиони инвестиции: Што стои во бизнис планот на Реплек

Душан Пецовски, претседателот на УО на Реплек купи акции, сега поседува 12,08% од акциите на компанијата

Реплек оствари 42% раст на приходите од продажба, годинава растот ќе продолжи со освојување на нови пазари

Фото: Реплек

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена 614 нови случаи на Ковид-19, оздравени 1.014, починати 10 лица

Редакција

Извештај на Стејт департмент: Корупцијата во владините тендери во Македонија е проблем за инвеститорите

Редакција

Кривична за поранешниот претседател на ДИК, Оливер Дерковски за набавката на софтверите

Редакција