еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Рудник САСА обезбеди празнични парични награди за сите вработени, пакетчиња за сите деца и пакети за лицата во социјален ризик во локалната заедница

И оваа година, рудникот САСА ја продолжи традицијата на новогодишно дарување, со што вработените и сите членови на локалната заедница имаат можност да ги прослават претстојните празници во добро расположение, информираат од таму.

Преку својата Фондација за поддршка на одржливиот развој, Рудник САСА повторно обезбеди новогодишни пакетчиња за сите деца во градинката и основното училиште во Македонска Каменица. Доделена е и соодветна донација на Дневниот центар за лица со попреченост.

Како и минатите години, во пресрет на овие празници, Фондацијата САСА обезбеди и пакети со основни прехранбени и друг вид производи за 150 лица и семејства во социјален ризик од локалната заедница.

Дополнително, сите вработени во САСА добија пригодни подароци и новогодишен додаток на плата, како награда за своите работни залагања и успешна работа во текот на целата година.

„Со подароците што ги обезбедивме сакаме нашите вработени и сите членови на локалната заедница, особено децата и оние на кои им е неопходно посебно внимание и грижа, да ја почувствуваат радоста и топлината на празничните денови.

Сакаме да им се заблагодариме и да им ги честитаме претстојните празници на сите во заедницата, вклучувајќи ги и нашите вработени, кои со својата работа во текот на целата година придонесуваат за успехот и одржливиот развој на САСА, а преку тоа и за целокупниот развој на локална заедница и земјата во целина“, изјави директорот на Фондација САСА, Ивица Талевски.

На новогодишната ноќ, претставници на менаџерскиот тим на САСА ќе ги посетат членовите на дежурните тимови на брзата помош, противпожарната единица и локалната полициска станица, како и вработените во рудникот кои ќе бидат на своите работни места, и на сите нив ќе им ја честитаат новата година и ќе им предадат пригодни подароци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МИМ ги додели наградите за најдобри истражувачки стории во 2018

Редакција

Доделена главната награда Opel Corsa од наградната игра „Телеком наградува“

Редакција

„Домашно со љубов“ – промоција на македонски производи во Веро

Редакција