Денеска започна 13. издание на Самит Македонија 2025, до сега најголемо издание, со над 500 гости, 15 панели, над 50 говорници.
Главната извршна директорка на Македонија 2025, Никица Мојсоска Блажевски изјави дека најважено е да се пренесат вистинските пораки, да се покажат успесите, да се покаже дека имаме одлични компании, лидери во Македонија и да научиме од светот.
„Сакаме да го искористиме потенцијалот на дијаспората. Голем дел од заедницата на дијаспората е овде, ќе излеземе со јасни пораки кои може да допрат до граѓаните, бзинисите, политичарите,“ изјави Мојсоска Блажевски.
Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје и член на Одборот на директори на Македонија 2025, Живко Мукаетов изјави дека темите на Самитот се важни од аспект на бизнис заедница и од аспект како државата да оди напред.
Тој ги спомена меритократијата, борбата против корупција, потребата за инфраструктура која како држава ќе не направи конкурентни во однос на соседните земји.
„Тука секако е како извозот да порасне, образовниот систем да биде подобар и се заедно да придонесе кон најмалку 5% годишен раст на БДП за да државата да фати економски приклучок со сите останати,“ изјави Муакетов.
За да се постигне овој раст, тој додаде дека потребно е да се мобилизираме во делот на образовниот систем, кој што ќе создава кадри кои ќе растат, кои ќе можат да ги следат новите текови.
„Потребна е клима за нови инвестиции, мора да инвестираме во нови технологии, знаења на нашите вработени, за да може секој поединечно како ентитет да се посветиме и да придонесеме за тој раст на БДП од минимум 5%.
Ако секој во својот дел на делување даде екстра ангажман, убеден сум дека имаме ресурси и знаење и дека можеме и како ентитети и држава да одиме напред и да го фатиме тој приклучок. Потребна ни е интеграција, комбинација од она што го даваме, нови технологии, мотивирачка клима за работа со конкретна поддршка на одредени програми за да ги поттурнеме работите,“ додаде Мукаетов.
Васил Кроневски, член на Одборот на директори на Македонија 2025 изјави дека за да се постигне економски раст од 5%, потребни се иновации и нови технологии, и затоа добар дел од темите на Самитот ќе бидат посветени на тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Македонија 2025