еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Само Унгарија не даде согласност за предлог-заклучоците на ЕУ за Украина

Сите земји членки на Европската Унија (ЕУ) на вонредниот Самит во Брисел, освен Унгарија, како и што се очекуваше, ја повторија својата подршка за Украина, и ја истакнаа потребата, руската агресија да заврши со сеопфатен, праведен и траен мир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Самит на ЕУ во Брисел: Европа ќе се вооружува

Во предлог-заклучоците меѓудругото стои и дека мирот во Украина треба да биде заснован на принципите на Повелбата на Обединетите Нации и меѓународното право.

„Европскиот совет ја потврдува својата континуирана и непоколеблива поддршка за независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“, се вели во текстот.

Заклучоците ги повторуваат и претходните позиции на ЕУ дека за Украина не може да се разговара без неа, дека не може да има дискусија за европската безбедност без да се вклучи Европа и дека трансатлантската, глобалната безбедност, како и безбедноста на Украина и Европа, се меѓусебно поврзани.

Исто така, дека секое примирје или прекин на огнот е прифатливо само ако е дел од процес кој води кон сеопфатен мировен договор, дека секој таков договор мора да биде придружен со силни и веродостојни безбедносни гаранции за Украина, кои ќе придонесат за одвраќање на идната руска агресија.

Во предлог-заклучоците е нагласена и посветеноста на ЕУ за продолжување на зголемената политичка, финансиска, економска, хуманитарна, воена и дипломатска поддршка за Украина и нејзиниот народ и за зголемување на притисокот врз Русија, вклучително и дополнителни санкции и зајакнување на имплементацијата на постоечките мерки, со цел да ја ослабне нејзината способност да ја продолжи својата агресивна војна.

Европскиот совет ја изразува подготвеноста на земјите-членки да придонесат за безбедносните гаранции за Украина во согласност со нивните можности.

„Безбедносните гаранции треба да се преземат заедно со Украина, како и со истомислениците и партнерите во НАТО“, се вели меѓудругото во заклучоците.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче се предомисли, нема промена на полот на сметка на Фондот за здравство

Редакција

(Видео) Прв пат снимен звукот на планетата Марс

Редакција

Докторот Вело Марковски прв кандидат за претседател на Македонија

Редакција