Поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој заврши во затвор за случајот “Империја“ на поранешното Специјално јавно обвинителство, во четврток излегува од затворот во Струга, одлучи Апелациониот суд во Скопје.
– Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КР-84/24, на нејавна седница на ден 14.05.2024 година, донесе решение со кое ја уважи жалбата на осудениот С.М. од С. и решението на Основниот кривичен суд Скопје го преиначи така што осудениот се отпушта на ден 23.05.2024 година од издржување на казната затвор, под услов до истекот на условниот отпуст -25.04.2025 година, да не стори ново кривично дело, велат од Судот.
За случајот „Империја“ тој доби затворска казна од три години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) „Дивелоп груп“ блиска до Мијалков гради хотел во Охрид, велат од „О2 Инцијатива„
Сашо Мијалков ослободен за „Трезор“, случајот за набавка на опрема за следење од Британија