еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Над 50 пожари вчера низ Македонија, денеска нема активни

Над 50 пожари на отворен простор, од кои повеќето не се прошириле благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на пожарникарите имало вчера на територијата на земјава, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во овој момент, додаваат оттаму, нема активни пожари.

Меѓу пожарите кои вчера избувнале се пожарите во село Страчинци (сува трева и грмушки), село Орланци (ѓубриште), село Волково (сува трева и грмушки) и депонијата Вардариште во скопско, потоа депонијата Буково во охридско, ѓубриште во близина на Глобочичко езеро, струшко, потоа ниска вегетација во село Отовица, трева и трња во необработени ниви околу 17 хектари на местото Топот во велешко.

Во светиниколско имало пожар во Кривчева река во близина на Свети Николе, каде гореле нискостеблеста шума, стрништа, викендици и помошни простории, во тетовско ниска вегетација покрај патот кон Попова Шапка, а во битолско имало повеќе од 10 пожари.

Во прилепско горела ниска вегетација во село Канатларци, ниска вегетација во село Алинци, ниска вегетација во село Тополчани кон село Тројкрсти, како и депонија и ниска вегетација кај село Дебреште, во струмичко горело стрниште, ниска вегетација и ѓубре во село Секирник, површина од 2 до 3 ха, во Богранци нискостеблеста шума, прнар и ниска вегетација кај м.в. Брдаров камен, како и нискостеблеста шума – прнар село Николич.

Повеќе пожари имало и во кумановско, радовишко, виничко, како и во атарите на Старо Нагоричани, Крива Паланка и Ранковце. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хеликоптери на МВР ги локализираа пожарите кај Дојран и Свети Николе

Фото: АРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што откако ќе бидете комплетно вакцинирани: Како да се заштитите себе си и другите?

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ останува во македонското Собрание

Редакција

Министерството за правда утре ќе го соопшти составот на работната група за уставни измени

Редакција