еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нема дежурство на токсикологија без кокаин, најскапо виски и вијагра, открива докторот Беќаровски

Докторот Нико Беќаровски од Универзитетската клиника за токсикологија во Скопје на Фејсбук опиша како изгледаат дежурствата на клиниката и какви се лица завршуваат таму.

“Ако злоупотребата на кокаинот е репер за влез во ЕУ, веќе две-три години сме таму.

Последните 12 месеци немам дежурство без вакви пациенти, најчесто околу 30 години, со црни џипови и секогаш со уште 5-6 испиени најскапи вискија, често зачинети и со вијагра.

Грам кока зависно од квалитетот е меѓу едно обично и викенд дежурство на лекар.

По секое дежурство патот кон дома ме води покрај децата кои питачат на крстосниците и нивните родители кои собираат пластика од контејнерите

Капитализам на најако“, пишува тој.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драматичен раст: 518 нови случаи на Ковид-19 од 5.809 тестирања

Редакција

Договор вреден 28,9 милиони евра склучи Дирекцијата за ТИРЗ со “Стентон градба“

Редакција

#ПроговориСлушни – светска кампања на AVON против родовото насилство

Редакција