еМагазин
Image default
Техно

Сеавус едукативниот и развоен центар се ребрендира во глобална Qinshift Academy

Македонскиот број еден бренд за едукација Сеавус едукативен и развоен центар станува Qinshift Academy, информираат од таму.

Академијата ќе ги соедини домашните практики со светските стандарди во ИТ, дигиталните комуникации и дизајнот и ќе нуди уште подобри програми за доусовршување и развој.

„Првиот едукативен и развоен центар за ИТ технологии СЕДЦ отсега ќе работи како Qinshift Academy. Ребрендирањето е природен и очекуван чекор во процесот на растење и проширување, примена на глобално искуство и иновации во ИТ образованието и етаблирање како глобален бренд.

Со ребрендирањето во Qinshift Academy студентите и партнерите може да го очекуваат препознатливиот квалитет на програмите од кои најголем дел се веќе меѓународно сертифицирани, но истотака и збогатување со нови атрактивни програми и што е најважно глобални можности“, истакна Весна Иваноска, генерален менаџер на Qinshift Academy.

Qinshift Academy ќе ја зајакне лидерската позиција на поранешниот СЕДЦ, којшто во текот на 13 години се покажа како беспрекорен во следење на потребите на индустријата, но и во чекор со најновите технолошки трендови. Оваа надградба ќе донесе и раст и проширување на дејноста на компанијата и освојување на нови пазари првенствено во земјите каде Qinshift има свои претставништва.

„Приказната за СЕДЦ започна скромно во 2010 година, но набргу благодарение на  експертизата и искуството во ИТ,  создадовме оригинални програми за стекнување квалификации според потребите на пазарот на трудот со над 250 професионаци – ментори вклучени во развојот на истите, со што почнавме да ја остваруваме својата визија за модерно оброзование.

Развојот продолжи со двата големи проекти „IТhink-академија“ прва ИТ академија за деца и Сеавус Акцелераторот – Првиот корпоративен технолошки Акцелератор преку кој поддржавме над 50 македонски стартапи. Со отворањето на претставништво во Србија и проширувањето на програмите во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, итн., СЕДЦ стана препознатлив бренд низ целиот Балкан, а со трансформацијата на голем дел од програмите во онлајн продукти кои се реализираат на англиски јазик, станавме достапни и низ цела Европа.

За влијанието, зборува и фактот што низ академиите и обуките организирани од СЕДЦ се едуцирале над 20.000 студенти. Со пристапувањето кон глобалното семејство на Qinshift – моќен глобален технолошки гигант кој денес го чинат повеќе од 3500 професионалци, над 300 клиенти и 28 канцеларии низ светот, Qinshift Academy и официјално се етаблира како глобален бренд“, додава Иваноска.

Станувањето Qinshift Academy е дел од интеграцијата на Сеавус кон Киншифт (Qinshift), глобална технолошка компанија со експертиза во дизајн на софтвер, комплетни корпоративни решенија, UX и UI дизајн, управувани услуги и иновативни понуди за развој на производи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Kако да се регистрирате на Националниот портал за електронски услуги, за да вадите документи онлајн

Редакција

НАСА предупредува дека потенцијално опасен астероид се доближува до Земјата

Редакција

E-трговијата во Македонија продолжува да расте, 31.7% раст во првото полугодие, 110 нови отворени е-продавници

Редакција