еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Не можам да бидам конзул на Малта со сенка врз моето име, вели Анѓушев откако не е повеќе на таа функција

Се заблагодарувам на пријателска Малта за честа да бидам почесен конзул на членка на ЕУ во Македонија од 2021 година, вели во пишана изјава поранешниот почесен конзул на Малта, Кочо Анѓушев, кој повеќе не е на таа функција, бидејќи е ставен на „црната листа“ на САД.

„Со оглед на одлуката на почитуваниот Стејт Департмент кон мене, со наводи со кои јас не се согласувам, но ги ценам и прифаќам како одлука, сметам дека не сум во можност, ниту пак Малта треба да има почесен конзул со сенка врз неговото име, колку и да е таа неоправдана.

Се додека овие наводи не се преиначат, јас не сакам и не можам да се застапувам во име на било која држава или институција.

Одлуката за ограничување на влез во САД е нешто што се однесува лично на мене и со тоа прашање треба да се носам јас лично, без за тоа да имаат негативни последици пријателски држави, личности, бизнис-соработници или институции.

Во текот на вчерашниот ден лично го информирав министерот за надворешни работи на Малта за новонастанатата состојба, како и за мојата определба да ги искористам сите пропишани можности во правец на издржано и осовано преиначување на оваа одлука на администрацијата на пријателските Соединети Американски Држави.

Министерот ме информира дека Малта одблиску ќе го следи развојот на настаните и дека во тој контекст ќе го земат предвид секој позитивен исход.

На министерот Борг му изразив благодарност за можноста и честа во еден период да служам во интересите на држава членка на ЕУ и на интересите на нашите две земји,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кочо Анѓушев повеќе не е почесен конзул на Малта, поради тоа што е ставен на „црната листа“ на САД

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничувањето на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачко видео) Цивили убиени од руските сили при обид да побегнат од Ирпин

Редакција

„Тој е казнет“: Спасовски не му дозволи на заменикот Буши да одговара

Редакција

1.264 нови случаи на Ковид-19 од 3.897 тестирања

Редакција