еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Силјановска победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15

Професорката Гордана Силјановска Давкова, која ја доби подршката од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, убедливо победи во првиот круг од претседателските избори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Сиљановска Давкова прва, Пендаровски втор, Османи трет: Официјални податоци на ДИК

Според податоци на Државната изборна комисија (ДИК) таа издвојува победа во дури 60 општини.

Победи во Аеродром, Берово, Битола, Богданци, Босилево, Брвеница, Бутел,Валандово, Василево, Вевчани, Велес, Виница, Гази Баба, Гевгелија, Ѓорче Петров, Градско, Дебарца, Делчево, Демир Капија, Демир Хисар, Дојран, Зелениково, Зрновци, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Карпош, Кисела Вода, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Крива Паланка, Кривогаштани, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Новаци, Ново, Охрид, Петровец, Пехчево, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Свети Николе, Сопиште, Старо Нагоричане, Струмица, Центар, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево и во Штип.

Актуелниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, кој со нејзе оди во вториот круг, и е кандидат на владејачката СДСМ, најмногу гласови освоил во Крушево, Маврово и Ростуша и во Центар Жупа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи го победи Таравари во првиот круг од претседателските избори

Кандидатот на коалицијата „Европски фронт“, Бујар Османи, кој е третопласиран во првиот круг, победи во Арачиново, Боговиње, Врапчиште, Дебар, Долнени, Желино, Липково, Пласница, Сарај, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир и Шуто Оризари.

Арбен Таравари, кандидатот на коалицијата „Вреди“ освои најмногу гласови во Гостивар, а Максим Димитриевски, кандидатот на ЗНАМ, во Куманово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Има две деца, а сопругот и е правник: Силјановска, која победи во првиот круг од претседателските избори приватно

Максим Димитриевски трет на претседателските избори во македонскиот блок

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема починати од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Редакција

Земјоделците бараат забрана за увоз на пченица, 10 илјади тони домашна не е откупена

Редакција

„Сите ќе ги амнестираат само Катица ќе лежи“: Твитер реакции за можното враќање на амнестиите на Иванов

Редакција