еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Скопје отровно како и лани, граѓаните рамнодушни

Како и лани, и преклани и годината пред тоа, и децении пред тоа…. Скопје со стартот на грејната сезона станува отровно место за живеење.

Само еден Бог знае што се сме дишеле па пред да почне да се мери загадувањето, кога имаше и индустрија.

Реално и не треба некое си светско рангирање, релеватно или нерелеватно, да ни каже дека воздухот во Скопје е загаден. Си знаеме. Го дишеме.

Темата за почвата и водата да не ја отвараме.

Надлежните секоја година демек се борат против загадувањето, ту најавуваат среднорочни, ту долгорочни мерки, ама ништо од тоа. На крај се сведува на некакви краткорочни мерки (колку нешто да има), кои не го решаваат проблемот.

Познати се изворите на загадување, а најстрашното е што меѓу нив се и бројни болници и училишта во градот кои се греат на нафта и мазут, што доволно кажува дека спас ни нема.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Мапа) Речиси 700 јавни објекти низ Македонија се греат на нафта и мазут и го загадуваат воздухот

Надлежните нема да не спасат од отровот ни годинава, ни следната, ни таа година после нив.

И во наредните години ќе умираат илјадници луѓе поради загадувањето. Тие што ќе преживеаат пак ќе имаат здравствени проблеми, кои не би ги имале ако немаме толкаво страшно загадување.

За ваков сериозен проблем на сиромашна земја каква што е Македонија ќе и бидат потребни децении и голема посветеност, која сега ја нема.

Граѓаните пак „мрчат“ по социјалните мрежи, драматизираат, демек многу се загрижени, ама речиси никој во последниве неколку децении не излезе на улица да го каже тоа.

Да беше Скопје во некоја нормална држава, која се грижи за здравјето на своите жители, граѓаните масовно немаше да се тргнат од улиците.

Не оти и тоа ќе го реши проблемот, ама кај нас работите се решаваат само со притисок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Мапа) Над 100 јавни објекти во Скопје се греат на мазут и на нафта за домаќинство, велат од “Шанса за Центар“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Компанијата ПерпетууМобиле прослави 25 години постоење

Редакција

Ден на жалост во Прилеп во петок, поради загинатите лекари

Редакција

Несекојдневна измама: Маж од Кочани „лекувал“ штипјани за пари и злато

Редакција