еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема одложување, ни промена на моделот: Учебната година ќе започне со физичко присуство на учениците

Нема дискусии во однос на моделот на наставата. Комисијата за заразни болести е таа која одлучува за моделот за одвивање на наставата, изјави денеска во Пробиштип министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Таа потврди дека денеска ќе има средба со директорите на средните училишта во државата, а тема на разговор ќе биде стартот на учебната година, а не моделот на наставата.

 Јас имам во континуитет средби со сите директори. Во однос на менување на моделот нема таква дискусија заради тоа што од локалниот Координативен штаб на Тетово пристигна барањето за преминување на онлајн настава за две недели настава, при што Комисијата за заразни болести утврдува дали одреден модел се менува или не.

Комисијата за заразни болести како што се изјасни министерот за здравство утврди дека може да одат со онлајн настава, само заради оптеретувањето на болницата, не заради други параметри што укажува на тоа дека денеска нема да се дискутира за промена на моделот во средните училишта, туку за почетокот на учебната година, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ООУ „Никола Карев“ во Пробиштип. 

Запрашана кој е нејзиниот став по однос на наставата во средните училишта Царовска децидна дека одлуките за наставта се носат на Влада со параметри, а не на лични ставови.

– Нема ставови на министри. Се останато кое што ви го презентирам е став на Влада донесен врз основа на аргументи и препораки на Комисијата за заразни болести. Се останато кое што се шпекулира не оди во прилог ниту на учењето, ниту на учениците, ниту на државата, рече Царовска.

Министерката за образование во однос на протоколите посочи дека тие се објавени многу одамна и се достапни за сите оние коишто сакаат да ги прочитаат – и наставници, и директори, и ученици и родители и медиуми.

Учебната 2021/2022 година на 1 септември ќе почне со отворени училишта за основците и средношколците.

Настава со физичко присуство со полн капацитет и примена на соодветни антиковид-протоколи препорача Главниот кризен штаб на 16 август, а одлуката наредниот ден ја донесе Владата на седница.

Поради високиот број заразени со коронавирус во Тетово и Гостивар, Комисјата за заштита од заразни болести, на барање на Општина Тетово, одлучи само средните училишта во овие градови да организираат онлајн-настава во првите две недели од септември.

Родителите се загрижени за физичко присуство на децата на училиште, поради високите бројки на ковид-заразени.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој е пратеникот Скендер Реџепи, кој ја напушти Алтернатива и ќе делува како независен

Редакција

Хан од Виенскиот форум: Северна Македонија политички најстабилна во регионот и добра за инвестиции

Редакција

Обнова на пистата на скопскиот аеродром од 28 март, ќе трае 50 дена без затворање

Редакција