еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Список на ноќни клубови низ Македонија кои поседуваат лиценца

360 степени објави список од Министерството за економија, на ноќни клубови низ Македонија кои поседуваат лиценци.

На истиот има клубови со 23 важечки лиценци, кои траат една година.

Во Скопје лиценца имаат два клуба, а најмногу имаат во Охрид, пет.

Во Битола има четири, а во Куманово три.

Од Владата вчера информираа дека Државниот пазарен инспекторат досега извршил 50 контроли на клубови, при што биле презентирани 22 лиценци со рок на важност и 15 со истечена важност.

На некои места од клубовите немале никакви лиценци.

Во Скопје биле контролирани 13 објекти, од кои само 2 поседувале важечки лиценци (за кабаре), 8 имале истечени лиценци, а 3 објекти немале никаква лиценца.

Во Куманово имало 3 објекти, сите со важечки лиценци за кабаре.

Во Штип, Виница и Делчево по еден објект бил регистриран како кабаре и сите поседуваат важечки лиценци.

Во Струмица имало 4 објекти, 2 со важечки лиценци за диско-клуб, 1 со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор, а 1 со истечена лиценца.

Во Гевгелија имало еден објект со истечена лиценца.

Во Велес имало еден објект со важечка лиценца за диско-клуб.

Во Битола имало четири објекти – три со важечки лиценци за кабаре, а еден со важечка лиценца за диско-клуб на отворен простор.

Во Прилеп имало два објекти, и двата се со истечени лиценци.

Во Кавадарци имало еден објект со важечка лиценца.

Во Велес имало еден објект со важечка лиценца за кабаре.

Во Неготино имало еден објект со истечена лиценца.

Во Охрид имало четири објекти – два со важечки лиценци, еден со важечка лиценца за диско-клуб, а еден објект е без лиценца.

Во Кичево имало еден објект со важечка лиценца за кабаре.

Во Гостивар имало еден објект со истечена лиценца.

Во Тетово имало шест објекти, од кои за четири нема податок, а два се со истечени лиценци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илчо Гоцевски од Кочани, возачот на Брза Помош кој почина, 11 пати возел до Скопје кобниот ден

(Вознемирувачко) Страшни сцени: Нова снимка од пожарот во дискотеката во Кочани

„Во веце го чекале судниот момент„: Доктор Беќаровски сподели траорни приказни за преживеани во пожарот во Кочани. кои се лекуваат на Токсикологија

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеленски го смени министерот за одбрана Олексеј Резников

Редакција

Спасовски: Заканата во следните две недели е страшна и радикална, пикот од 2.000 до 2.500 заболени

Редакција

Државата ќе удри по џебот на граѓаните: За стан или викендичка која не ја користите три пати поскап данок, ако не пријавите дека ги имате ќе ви наплатат пет пати поскапо

Редакција