Сред бел ден во вооружен грабеж во средата била ограбен салонот на Божиновски часовници и накит на ул. Македонија во Скопје, информираа од таму.
-Вооружениот грабеж кој се случи во средата, сред бел ден, во салонот на Божиновски часовници и накит на ул. Македонија, во строгиот центар на Скопје, предизвика голема загриженост за генералната безбедност не само на вработените во компанијата, туку и генерално на граѓаните во земјата.
Во надеж дека надлежните органи ќе го расветлат случајот во најкус можен рок, сакаме да се обратиме до разбојниците – со надеж дека во земјава ќе надвладее разумот, а и дека надлежните органи ќе си ја завршат својата обврска, велат од таму на Фејсбук.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.