еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Скопје лани со зголемена добивка за 36%

Стопанска Банка АД Скопје ја заврши 2023 година со добивка пред оданочување и резервации во износ од 5.228.855 илјади денари, која е повисока во однос на претходната година за 36 %, информира Банката преку Македонската берза.

-Со издвоената исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва во износ од 1.375.923 илјади денари, Банката во континуитет го задржува високопрудентниот пристап во управувањето со ризиците и квалитетот на кредитното портфолио. Притоа, како резултат на ваквиот пристап, нивото на нефункционални пласмани на Банката е сведено на ниски 3 %.

Добивката пред оданочување изнесува 3.852.932 илјади денари и во однос на 31.12.2022 година е повисока за 47 %. Таа е остварена во услови на органски раст на активата од 7 %, која на 31.12.2023 година достигна ниво од 131.762.143 илјади денари, велат од таму.

Нето-приходите од камати изнесуваат 5.734.319 илјади денари и се зголемени за 1.530.047 илјади денари во однос на истиот период од минатата година, посочуваат од таму.

-Ова е резултат на зголеменото кредитно портфолио и останати позиции во рамки на ликвидната актива на Банката, во услови на тренд на пораст на каматните стапки, кој беше присутен во текот на 2023 година.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 812.616 илјади денари и се намалени за 10 % во однос на анализираниот период во 2022 година. Ова се должи на зголемени расходи од провизии кои Банката ги плаќа на компаниите кои ги обезбедуваат овие услуги, пред сѐ во сферата на платните системи и картичното работење, без притоа порастот на тие трошоци да го пренесе на крајните клиенти, велат од Банката.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 145.506 илјади денари, а останатите приходи од дејноста изнесуваат 611.793 илјади денари.

-Политиката на оптимално управување со трошоците, без притоа да се одрази на квалитетот на работењето, се согледува преку нивото на оперативните трошоци од работењето, кои и во услови на пораст на цени и инфлаторни притисоци изнесуваат 2.170.129 илјади денари, и се повисоки за 9.8 % во однос на претходната година.

Во рамките на овие трошоци, трошоците за вработените изнесуваат 1.064.545 илјади денари, повисоки за 11 % во однос на 2022 година.

Како резултат на принципите на Банката да одржува висок квалитет на кредитно портфолио во согласност со регулативата и интерната рамка за управување со кредитен ризик, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 1.375.923 илјади денари, велат од Банката.

Вкупната актива на Банката изнесува 131.762.143 илјади денари и е повисока за 7 % во однос на 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маринис Стратопулос реизбран за член на НО на Стопанска банка Скопје

Стопанска банка Скопје ја зголеми добивката за 27%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија замрзна имот на руски олигарси вреден околу 5,25 милијарди евра

Редакција

Бугарија го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Редакција

Седум лица починале од Ковид-19, кај шест е регистриран коморбидитет

Редакција