еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Стопанска банка Скопје со раст на добивката во третиот квартал

Добивката пред оданочување и исправка на вредност на Стопанска банка АД Скопје во првите девет месеци од годинава изнесувала 4.021.514 илјади денари, што е 9% повеќе споредено со истиот период од претходната година, информираа од таму преку Македонската берза.

-Во согласност со стратегијата на Групацијата и Банката како нејзин дел за одржување висок квалитет на активата и ниска стапка на нефункционални побарувања, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 922.253 илјади денари, што е за 2% помалку споредено со минатата година, која покрај исправката за нефункционалните побарувања, вклучува и дел за покривање на ризиците и на редовното портфолио, како превентива од неочекувани движења.

Со тоа, добивката на Банката пред оданочување на 30.09.2024год. изнесува 3.099.261 илјади денари. Наведениот резултат е последица како на органскиот раст на активата така и на успешното раководење на бизнис-линиите во рамките на утврдената рамка на прифатлив апетит за ризик, велат од таму.

Нето-приходите од камати изнесуваат 4.644.564 илјади денари и се зголемени за 11% во однос на истиот период од минатата година, резултат во кој најголемо учество имаат каматните приходи од кредитни активности и каматните приходи од позициите за ликвидност (меѓубанкарски пласмани, депозити и вложувања во хартии од вредност), кои забележаа пораст како резултат на зголемената ликвидност на Банката која произлегува од депозитите, посочуваат од таму.

Нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 644.601 илјади денари и се приближно на исто ниво во однос на истиот период од минатата година.

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 117.084 илјади денари и се зголемени за 5% споредено со истиот период од минатата година.

-И покрај сè уште присутните инфлаторни притисоци и ценовни флуктуации, Банката продолжува со оперативна ефикасност во однос на контролата на трошоците од работењето. Притоа, останатите расходи од дејноста и трошоците за вработени изнесуваат 775.069 илјади денари и 863.316 илјади денари, респективно и се нешто повисоки во однос на истиот период од претходната година.

Одржувањето на квалитетот на кредитното портфолио и управување со кредитниот ризик е една од приоритетните цели на Банката. Оттука, заклучно со крајот на третиот квартал од 2024 година, Банката издвои исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансна изложеност, на нето-основа, во износ од 922.253 илјади денари.

Како резултат на сето наведено, остварената добивка пред оданочување и исправка на вредност изнесува 4.021.514 илјади денари, додека добивката пред оданочување на 30.09.2024 година изнесува 3.099.261 илјади денари и е за 13% повисока во однос на истиот период минатата година, велат од таму.

Вкупната актива на Банката во анализираниот период изнесува 136.059.970 илјади денари, односно е повисока во однос со крајот на годината за 4% или 4.697.045 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Акцијата на Стопанска банка Скопје со највисок раст на Македонската берза во август

Стопанска банка Скопје ја зголеми добивката за 18% во првото полугодие

За претседателот на НО на Стопанска банка Скопје годишно 20 илјади, за членовите 10 илјади евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хамас бара ослободување на сите палестински затвореници во замена за заложниците

Редакција

Македонските граѓани кои не се вакцинирани со трета доза, по влез во Холандија ќе одат во карантин

Редакција

(Видео) Мелем за душата: Маријана и Росана запеаjа заедно по 20 години

Редакција