еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Судскиот совет да го преразгледа работењето на судијата, порача Мицкоски за пресудата за смртта на Теодора

Згрозен сум од пресудата за смртта на Теодора Ристевска, Судскиот совет да го преразгледа работењето на судијата Ељведин Ферати, правдата ќе ја истераме до крај, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Според него, не е правда тоа што сторителот кој одзема млад човечки живот беше осуден на 2 години казна.

„Вчера јавноста, најново се згрози за случајот во Тетово. По сообраќајна несреќа во август 2022 година, на првото судење во ноември 2023 година, по признавање на вина, сторителот кој одзема млад живот беше осуден на три години и шест месеци затвор.

По жалба, Апелациониот суд ја намали казната, повторувам, Апелациониот суд ја намали казната на две години затвор, за да Врховниот суд ги укине двете пресуди на Основниот и Апелациониот суд и предметот го врати на повторно судење.

Судот во Тетово вчера му досуди две години затвор на сторителот кој смртно одзема недолжен човечки живот, 22-годишната Теодора Ристевска.

Повторувам, Судот во Тетово му досуди две години затвор на сторителот кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска.

Јавно да прашам, има ли некој во државава кој смета дека тука имаме задоволена правда?! Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца сум силно разочаран.

Ова не е правда, и тука имаме потфрлање на системот по сите основи. Знам дека некој ќе ми се налути, ќе излезат и такви полноглавци коишто ќе ме критикуваат после ова што ќе го кажам, но јавно барам од Судскиот совет да се преразгледа работењето на овој судија и уште еднаш да се реализира оваа пресуда,” изјави Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бура од реакции за казната затвор од само две години за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

Менсур Пајазити кој ја прегази Теодора Ристовска на пешачки во Тетово, осуден на две години затвор

Каков имот пријавил Ељведин Ферати, судијата кој пресуди две годи затвор за возачот кој ја усмрти Теодора Ристовска

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советникот на Стејт департментот, Шоле доаѓа во Македонија

Редакција

МНР со конвој врати 63 македонски граѓани од Црна Гора

Редакција

Убава вест: Нема починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Редакција