еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Температурен шок: Утре и задутре пролетни температури

Утре и во сабота ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец што ќе услови значително зголемување на дневната температура и забрзано топење на снежната покривка, информираат денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура утре ќе се движи од 0 до 8 степени, а максималната од 13 до 17 степни Целзиусови.

Во сабота минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9 степени, а максималната од 13 до 19 степени.

Под влијание на влажен бран во недела ќе има локални врнежи од дожд, а ветерот ќе се промени во северен и долж Поварадрието ќе засилува.

Од понеделник температурата повторно ќе се намали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Притвор од 30 дена за десет лица кои учествуваа во нападот на полициските службеници

Редакција

Вучиќ: Србија е најдобар пријател на Македонците, ги сакаме и ништо не бараме од нив, освен да бидеме пријатели и браќа

Редакција

Каков имот пријавил амбасадорот Мемеди, кој сам побарал Италија да не ги прифаќа валидните пасоши без „Северна“

Редакција