еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Тетекс со добивка во првиот квартал

Тетекс АД Тетово во првите три месеци од годинава остварил добивка од 10.360 илјади денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

Приходите од продажба на готови производи и услуги за овој период се 19.892 илјади денари и истите се резултат од редовното работење, во што се вклучени приходи од кирии, услуги и продажба на готови производи, материјали и стоки, велат од таму.

-За тековниот период во финансиските приходи од 10.852 илјади денари, се евидентирани приходи од дивиденди во износ од 10.788 илјади денари, додека минатата година истиот период приходите од дивиденди изнесуваа 23.428 илјади денари.

Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – март 2024 година изнесуваат 16.300 илјади денари и во споредба со истиот период во 2023 година, кога изнесувале 24.049 илјади денари, бележат намалување за 32 %, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За директорот на Тетекс 5% од ланската добивка на компанијата

Колкави надоместоци имале лани членовите на Одборот на директори на Тетекс

Тетекс ќе дели дивиденда од 110 денари бруто по акција

Фото: Тетекс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Драгољуб Арсовски купи акции во ТТК Банка

Редакција

Нови 145 заболени од Ковид-19 од 1.772 тестирања, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

Уште 30 можни производители на генетски модифициран ориз во Македонија

Редакција